Велосипедска тура „Екотопија“

 

2012_Biketour

Велосипедската тура „Екотопија“ е мобилна направи-сам (DIY) заедница. Таа е за секого заинтересиран за животна средина, активизам, живот во заедница и уметноста на патување без мотор. Оваа тура претставува искуствено патување чија цел е да воспостави силни врски помеѓу учесниците кои доаѓаат од различни култури и групи, како и помеѓу нас и нашите домаќини. Прочитајте повеќе во за нас.

Во моментот работиме на плановите за овогодинешното издание. Координативниот тим е во Солун, Грција. Ќе возиме од средината на Јули до крајот на Септември 2014. Рутата ќе биде објавена на почетокот на Јуни, на оваа страница и преку известување до сите заинтересирани. Засега планираме да започне во еден од овие градови – Софија, Скопје, Ниш или Приштина, а да заврши во или околу Атина.

Постојат многу начини преку кои можете да помогнете во организирање или ширење на информации за турата на територијата на јужен Балкан. Однапред ви благодариме на вашите сугестии за евентуални домаќини. Или пак помогнете ни да обезбедиме информации на вашиот јазик придонесувајќи со преводи.

За да бидете во тек со најновите информации или да се приклучите во планирањето – регистрирајте се на мејлинг-листата од десната страна и следете ги информациите кои ги објавуваме во овој дел!

Comments are closed.