Како се организираме
Велосипедската тура е организирана на доброволна основа од страна на група на учесници (стари и нови), кои главно комуницираат преку мејлинг листа и преку страницата на Википедиа. Секоја година, неколку учесници се пријавуваат да го понесат најголемиот дел од координацијата, работејќи неколку месеци во областа на претстојната велосипедска тура. Секако, им помагаат голем број на луѓе од разни делови на светот, онлајн или преку кратки посети.
Неколку точки за тоа како ние обично се организираме … но отворени сме и флексибилни за нови идеи!
Ние не сме официјална организација, туку неформална група на посветени вело-активисти
Обично, имаме годишен Зимски/пролетен состанок, некаде во Европа, каде ја планираме следната тура
Исто така, планираме да воведеме Есенски состанок каде би дискутирале за пошироки теми, како на пример Велосипедската тура во целина
Секоја година имаме доброволни координатори (по 2 во последниве години, но може да бидат и повеќе), кои се избрани по пат на консензус – обично на крај на летната тура или на Есенскиот состанок
Се обидуваме да обезбедиме мал финансиски надоместок за координаторите и / за тековните трошоци на Турата
Темата за следната година се дискутира за време на Турата, или преку мејлинг-листа
Локацијата на „Организициската база“ зависи од тоа кој би можел да ни биде домаќин за следната година, со кои организации би сакале да соработуваме, и низ кои области би можеле да поминеме за време на Турата
Организирајќи се на овој начин, ние комуницираме преку најразлични начини и медиуми, за кои можете да прочитате тука
За турата 2014, нашата база е во Солун
Проверете ја Приклучи се страницата, за начини како да помогнете / придонесете / соработувате и иницирате!